ОДРЖАН ПРВ СОСТАНОК НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ТБОП
Во четврток, 18 јануари 2024 се одржа првиот состанок на работната група задолжена за дефинирање на критериумите за основање и работа на Телото за балансирана одговорност на производителите (ТБОП). На состанокот учествуваа претставници од различните колективни постапувачи кои се активни во земјата и ова е прв во серијата на работни состаноци кои имаат задача да го дефинираат оперативнот модел на ТБОП со цел тој да функционира во најдобар интерес на сите учесници во системот на проширена одговорност на производителите.

По оваа првична средба набргу следи и нареден состанок за уште подлабинска анализа и дискусија за сите критериуми кои се важни за работата на ТБОП, а воспоставувањето на ова тело е една од главните задачи во мандатот на Твининг Проектот насловен како „Поддршка на спроведување на законската рамка за управување со отпад и системот на Проширена одговорност на производителите (ПОП)”
