Втор состанок на работната група на ТБОП
Вториот состанок на работната група задолжена за дефинирање на деталите за новиот модел на Телото за балансирана одговорност на производителите (ТБОП) се одржа на 14 февруари 2024 година.
Состанокот помина во знак на конструктивна и жива дискусија со активно учество на претставниците на колективните постапувачи. Истовремено ги повикавме да достават повратни коментари или прашања во врска со дискутираните теми и прашања по првата работна сесија.
По овој состанок ќе следи наредна сесија на работната група на која ќе се дискутираат преостанатите елементи релевантни за работата на ова Тело. Уредување на работата на ТБОП е еден од најважните очекувани резултати на Твининг проектот на ЕУ насловен како „Поддршка во спроведувањето на законодавството за управување со отпад и системот на Проширена одговорност на производителите”.