Воведен состанок

На 5-ти септември, нашиот проектен тим одржа воведен состанок со новоформираните колективни и самостојни постапувачи задолжени за постапување со тековите на отпад кои се регулирани со закони кои стапија на сила оваа година (текстил, масла, гуми и искористени возила) на кој присуствуваа и претставници од другите колективни посапувачи кои се веќе наши партнери. За време на оваа интерактивна дискусија, го презентиравме нашиот Твининг проект, објаснувајќи ги целите на Проектот и импликациите од нашите проектни резултати врз секојдневното работење на овие субјекти, со цел поефикасно спроведување на законодавството за управување со отпад и проширена одговорност на производителите (ПОП).

Учесниците се согласија да се приклучат на тековните активности кои нашиот Проект веќе ги координира со другите колективни постапувачи, со цел да се создадат заеднички основи, разбирање и прифаќање на резултатите од нашиот Проект: нацрт-законот и документи кои ќе го регулираат основањето и работењето на Телото за балансирана одговорност на производителите (ТБОП).