Втор состанок на Управувачкиот Комитет на Твининг Проектот се одржа на 31 мај, 2023

Согласно правилата, Твининг проектот доставува извештаи за одобрување на Кварталните состаноци на Управувачкиот комитет пред учесниците кои ги претставуваат различните засегнати организации вклучени во спроведување на проектот. Вториот состанок на УК се одржа на 31 мај 2023 година во Скопје во МЖСПП. На состанокот предводен од Ласло Шитањи, Лидер на проектот од Земјата-Корисник, учесниците на УК дискутираа за прашањата од агендата и донесоа соодветни одлуки, и како и за Првиот за работен план и за кварталниот извештај. Учесниците, исто така, прецизно ги дефинираа задачите што треба да се извршат помеѓу 1 јуни и 31 октомври.

Учесниците се согласија следниот состанок на УК да се одржи на 12 септември. На крајот на состанокот, раководството на проектот ги информираше членовите на Комитетот за подготовките за официјалниот настан кој го означува отпочнувањето на Твининг проектот, закажан за 1 јуни, ден по состанокот на УК.