Состанок на Управувачкиот комитет, проследен од средба со Амбасадорот на Унгарија на 31 јануари, 2023.

Претставниците на Твининг Проектот од Унгарија и Австрија (јуниор партнерот) пристигнаа во Скопје на 31 јануари 2023 за да учествуваат на првиот состанок на Управувачкиот Комитет на Проектот, кој се одржа на 1 февруари 2023 год.

Претходниот ден, Лидерот на Проектот од Земјата-членка, Д-р. Лазло Шитањи, лидерите на трите компоненти на Проектот: Д-р. Кристина Вегнер, Енико Бардош и Ерика Хорват, како и Постојаниот Твининг Советник (ПТС) Тибор Немчек, кој ќе работи во земјата во текот на имплементацијата на проектот во наредниве две години, одржаа првичен разговор со Лендита Дика, Заменик-државен секретар во МЖСПП, која е истовремено и Лидер на проектот од Земјата-корисник. Во текот на средбата експертите ги презентираа активностите од работниот план на секоја компонента одделно, со цел да се образложат детално зацртаните задачи и активности.

По првиот состанок на Управувачкиот Комитет, унгарската делегација исто така беше примена од Н.Е. Андраш Клаин, Амбасадорот на Унгарија во Северна Македонија, на која Амбасадорот ја потврди заложбата за соработка и помош по однос на сите прашања кои може да произлезат при реализација на проектот.