Средби со Организациите за одговорност на производителите (колективните постапувачи) во Северна Македонија – мапирање на моменталната состојба

Во првата фаза од имплементација на Твининг проектот, експертите спроведуваат анализа на актуелната законска рамка во Северна Македонија во однос на системот за ПОП којшто е во моментов воспоставен во земјата-корисник. Организациите за одговорност на производителите (колективните постапувачи) тука имаат водечка улога и се главните чинители, заедно со надлежните институции. Оттаму, првите состаноци беа организирани во МЖСПП и со колективните постапувачи.

Првиот од нив беше одржан со ПАКОМАК на кој учествуваше тимот на експерти од проектот (Ерика Хорват, Силвија Мурањи и Габор Деме). Во текот на оваа исклучително отворена и пријателска дискусија, оперативниот менаџер на ПАКОМАК Игор Макалоски даде опширни информации за работата на организацијата и за постапувањето со отпадните материјали и тековите на отпад, но се дискутираше и целокупниот пазар на отпадни материјали.

Извор: https://polnacasa.mk/pakomak-introduces-the-last-global-trend-in-recycling-reverse-vending-machines-for-plastic-bottles-and-cans/?lang=en&cat=131

Компанијата има за цел да гради долгорочна и цврста соработка со своите клиенти и со надлежните институции во согласност со европските стандарди. Нивната цел е да се минимизираат негативните еколошки ефекти од отпадот од пакување и да се обезбеди одговорен однос кон него.

Тимот експерти одржа и стручна консултација и со колективниот постапувач „НУЛА ОТПАД“.

Компанијата обезбедува трајни и сигурни услуги за собирање, селектирање, транспорт и рециклирање на електронски отпад, отпадни акумулатори и батерии за да се осигура дека навистина ќе бидат рециклирани нивните составни материјали кои може да се рециклираат. Тие соработуваат и ги поддржуваат општините, чекор по чекор, да подготват долгорочна стратегија и да го приспособат својот систем за управување со отпад кон концептот на „нула отпад“.

Извор: https://polnacasa.mk/pakomak-int

 

Тимот на проектни експерти се сретна и со раководниот тим на АЛПАКЕКО, кои ја понудија својата целосна помош за успешна реализација на проектот. Оваа компанија поддржува, координира и финансира селективно собирање, сортирање и рециклирање на отпад од пакување од домаќинствата.

Преку услугите кои им ги пружаат на своите клиенти, тие го помагаат управувањето со отпад од пакување, работат на реализација на националните цели и на исполнување на своите обврски кон општеството. Со информирање и едукација на сите учесници во системот, тие го свртуваат вниманието кон важноста на ова прашање и ги мотивираат сите чинители да ги спроведуват постапките на правилен начин.

Извор: https://alpakeko.mk/en/

На крајот, тимот експерти составен од Енико Бардош и Силвија Мурањи одржа состанок и со колективниот постапувач „ЕУРО-ЕКОПак“. Оваа непрофитна компанија е постапувач во системот за управување со отпад од пакување, во согласност со принципот на проширена одговорност на производителите (ПОП).

Тие организираат собирање и повторна употреба на отпад од пакување во име на своите клиенти и обезбедуваат реализација на целите наведени во Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Извор: https://www.euroekopak.mk/

Обезбедувајќи им на своите клиенти услови за одговорно управување со отпад и намалувајќи ги негативните еколошки ефекти од пакувањето, оваа организација дава придонес кон зачувување на природните ресурси и развој на циркуларната економија во Македонија.

Во наредниот период, тимовите на експерти ќе ги посетат сите чинители во индустријата за управување со отпад, колективните постапувачи, собирачи, рециклатори и др, за да може да добијат целосна слика за актуелните постапки и процедури кои произлегуваат од законската рамка, и да обезбедат широка вклученост на сите засегнати страни во проектот.

Како што е наведено во описот на проектот и во прифатениот работен план, ќе се организираат работилници, консултативни средби ќе се користат прашалници и останати алатки за да се обезбеди непречена реализација и заедничко разбирање на проектните активности и нивното спроведување.

Раководниот тим на Проектот е неизмерно благодарен на сите вклучени страни во Проектот за нивниот отворен начин на размислување и соработката.