Студиско патување, Виена

Согласно одобрениот работен план на Твининг проектот, активноста „Студиско патување“ беше закажана за јуни 2023 година. Целта на студиското патување беше, секако, да се научи повеќе за главниот аспект на Твининг проектот, системот на ПОП и неговото функционирање, и за учесниците да добијат поголемо разбирање за поврзаните технологии за управување со отпадот и да научат за најдобрите практики.

Како дел од ова студиско патување, делегација од 8 члена од земјата-корисник, Северна Македонија, учествуваше во интензивна серија состаноци на 13-14 јуни 2023 година, најпрвин во посета на помладиот партнер на Проектот, претставен од Австриската Агенција за животна средина, Umweltbundesamt GmbH, на првото одредиште на студиското патување во Австрија, Виена.

Серијата состаноци започна на првиот ден со презентации на домаќините во работните простории на Umweltbundesamt: Јоханес Мајер и Бригит Каригл одржаа воведна презентација за функционирањето на системот на ПОП во Австрија, додека Дитер Шух, претставник на АРА, сподели информации со учесниците за практичните задачи на системот на колективни постапувачи, и за оперативното функционирање на системот. По оваа презентација, Андреас Пертл, раководител на VKS GmbH, одржа презентација за австриската законска рамка и за оперативниот систем кој е устроен во однос на отпадот од пакување, на тема „Искуства и сознанија од канцеларијата за координација на отпадот од пакување„ (VKS).

Утрото на вториот ден, Матијас Отерсбок, лице задолжено за координација со управувањето со отпад од општина Виена, им одржа презентација на членовите на делегацијата за прашањето за одделно собирање на отпад од пакување во Виена.“ Во презентацијата беше претставен целокупниот систем за управување со комунален отпад, и беше истакната улогата на проширената одговорност на производителите (ПОП) за одржливост на системот.