Cредба со колективните постапувачи за сите текови на отпад

На 12 ноември 2024 година, имавме навистина плодотворна средба со колективните постапувачи за сите текови на отпад. Дискусијата која се разви беше многу длабинска и продуктивна, фокусирана на многу елементи во однос на основањето и работењето на Телото за балансирана одговорност на производителите кое ќе планира. Колективните постапувачи уште еднаш ја потврдија својата поддршка и подготвеност заеднички да работиме на разјаснување на сите подробности во врска со нацртот на идниот Закон за ТБОП, со цел предлогот да биде што е можно поефикасен и посоодветен на националните потреби. Во наредниот период ќе се вклучиме во активна дискусија и со производителите, за понатамошно доуредување на прашањата кои се составен дел на оваа ицијатива.