Академската работна група на проектот започнува со работа во февруари

Со задоволство ве известуваме дека раководството на проектот ги селектираше најсоодветните студенти-апликанти за да станат дел од Академската работна група на Твининг проектот финансиран од ЕУ, „Поддршка во спроведувањето на законодавството за управување со отпад и системот на проширена одговорност на производителите (ПОП). ”

Првичниот состанок на оваа група ќе се одржи на почетокот на февруари, кога избраните студенти ќе одржат состанок со проектните експерти и ќе добијат подетални информции врска со проектните задачи и резултати. Понатаму, со стручна поддршка и водство на нашите краткорочни експерти и раководството на проектот, студентите ќе се стекнат со подлабоки знаења за нашите проектни активности и ќе започнеме заеднички да ги обликуваме резултатите од Проектот. Ние ја замислуваме оваа млада работна група да биде предводник на позитивните промени иницирани од нашите проектни активности, а нашиот тим експерти ќе стори сé во што е нивните можности да го пружи потребното менторство и помош за да се реализира ова.