Состанок на покана на Асоцијцијата за посебни текови отпад

На покана на Асоцијцијата за посебни текови отпад, на 25.9.2024 година (среда), во Стопанската комора, нашиот Твининг проект одржа презентација на тековната подготвителна работа за формирање на Телото за балансирана одговорност на производителите: изготвување на релевантната законска рамка и потребните акти и документи за основање и работа на ова независно тело. Презентери од страната на Проектот беа нашиот Постојан твиинг советник Кристина Вегнер и краткорочниот правен експерт Енико Крец. На состанокот присуствуваа и новоформираните колективните постапувачи задолжени за “новите“ тековите на отпад. Овие состаноци ќе продолжат, а исто така ќе продолжи и нашата размена на мислења со нашите партнери – колективните постапувачи, чиј придонес ќе биде земен предвид додека заеднички го обликуваме новиот изглед и правила на работа на ова важно тело за сите засегнати страни.