Студиско патување, Будимпешта
По дводневната програма во Виена, студиското патување продолжи во Будимпешта од 15-ти јуни. Домаќин на делегацијата беше Фондацијата Сина планета. Програмата на студиското патување во Будимпешта првенствено се фокусираше на технологиите за управување со отпад поврзани со системот на ПОП, овозможувајќи им на учесниците да се запознаат со овие аспекти.

На втората локација во Будимпешта, делегацијата имаше можност да се запознае со работењето на градското претпријатие за управување со комунален отпад (BKM – FKF Nzrt.) кое поседува врвна технологија, Фабриката за селектирање отпад на Будимпешта. Оваа постројка, која ја користи најдобрата достапна технологија (BAT), го селектира одделно собраниот отпад од речиси 2 милиони жители на градот, што како искуство беше навистина позитивно примено од страна на македонската делегација. Учесниците имаа можност да го набљудуваат секој технолошки елемент на системот и добија опширни информации од домаќините за сложеноста на операцијата.
На 16 јуни 2023 година, делегацијата отпатува назад во Скопје, со што беше завршено студиското патување.
