Студиско патување, Будимпешта

По дводневната програма во Виена, студиското патување продолжи во Будимпешта од 15-ти јуни. Домаќин на делегацијата беше Фондацијата Сина планета. Програмата на студиското патување во Будимпешта првенствено се фокусираше на технологиите за управување со отпад поврзани со системот на ПОП, овозможувајќи им на учесниците да се запознаат со овие аспекти.

Учесниците најпрво ја посетија подружницата за управување со отпад на Групацијата АЛТЕО, ФЕ-група, каде што се запознаа со технологијата за рециклирање на електронски отпад. Во рамки на системот за проширена одговорност на производителот, витален сегмент е отпадот од електронска и електрична опрема (ОЕЕЕО), бидејќи со рапиден развој и менување на технологијата, денес сме сведоци на значително зголемено присуство на овие материјали во тековите на отпадот.

На втората локација во Будимпешта, делегацијата имаше можност да се запознае со работењето на градското претпријатие за управување со комунален отпад (BKM – FKF Nzrt.) кое поседува врвна технологија, Фабриката за селектирање отпад на Будимпешта. Оваа постројка, која ја користи најдобрата достапна технологија (BAT), го селектира одделно собраниот отпад од речиси 2 милиони жители на градот, што како искуство беше навистина позитивно примено од страна на македонската делегација. Учесниците имаа можност да го набљудуваат секој технолошки елемент на системот и добија опширни информации од домаќините за сложеноста на операцијата.

На 16 јуни 2023 година, делегацијата отпатува назад во Скопје, со што беше завршено студиското патување.