Церемонија на отворање

На 1 јуни 2023 година, Твининг Проектот финансиран од Европската Унија чијашто цел е понатамошно развивање на системот за управување со отпадот во Северна Македонија официјално го одбележа почетокот на своето работење. Оваа церемонија на отворање помина во услови на голем професионален интерес и посетеност.

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во својот воведен говор истакна дека овие програми се од голема помош за Северна Македонија во текот на пристапните преговоди на земјата со ЕУ.

Штефан Худолин, Раководител за соработка во делегацијата на ЕУ, изјави дека ЕУ дава значителен финансиски продонес за спроведување на зацртаните цели.

Клајн Андраш, Амбасадор на Унгарија и Георг Вутсас, Амбасадор на Австрија, го изразија своето уверување во професионалната поддршка која ја даваат нивните земји за успешна реализација на Проектот.

По паузата, Државниот секретар во МЖСПП Лендита Дика и Раководителот на Секторот за отпад Каранфилова-Мазневска ја истакнаа меѓународната вклученост и улогата на нивното министерство во соработката со ЕУ во областа на управување со отпад.

Лидерот на проектот, Ласло Шитањи ја претстави Фондацијата за климатска заштита „Сина Планета“ и нејзината улога во проектот.

Постојаниот Твининг советник Тибор Немчек ги презентираше резултатите од почетната фаза на проектот, додека Кристина Вегнер, Лидер на првата компонента на проектот, ги истакна задачите и програмите планирани за следниот период.

На крајот, Фабрицио Лонгони, Програмски директор, го претстави италијанскиот систем за собирање на преработка на отпад како и електронсиот систем за собирање и доставување на податоци.

 

 

 

Благодарност до: Вести на Телевизија Телма, Емитувано на: 1 јуни, 15.30 Телма Вести

Проект финансиран од Европска Унија:
„Поддршка на спроведување на законската рамка за управување со отпад и системот на Проширена одговорност на производителите (ПОП)”
Реф. бр. MK 20 IPA EN 01 22- R

Делегацијата на Европската Унија,
Министерството за животна средина и просторно планирање
и Фондацијата за заштита на климата „Сина планета“
со големо задоволство Ве покануваат на настанот по повод отпочнување на Твининг проектот

Датум: 1 јуни 2023
Време: 09.15 – 14.00
Место: “Хотел Мериот – Скопје”

AГЕНДА

08:30-09:00

Регистрација

09:15-09:30

Конференција за печат
Moдератор: г-ѓа. Aна Kaранфилова Maзневска, ПТС од Земјата-корисник

Oфицијално отворање

9:30-9:45

Oфицијално отворање и воведно обраќање
г-ѓа. Kaja Шукова, Министер за животна средина и просторно планирање

9:45-10:00

Поздравни обраќања
г-дин. Штефан Худолин, Раководител за соработка, Делегација на ЕУ

10:00-10:15

Н.Е. г-дин Aндраш Клајн, Aмбасадор на Унгарија

10:15-10:30

Н.Е. Заменик амбасадор на Австрија

10:30-10:45

Кратка пауза, крај на свеченото отворање

10:45-10:55

Презентација на Твининг проектот:
Меѓународна и соработка со ЕУ во областа на управувањето со отпад
г-ѓа. Лендита Дика, Државен советник, Лидер на проектот од Земјата-корисник

Презентација

10:55-11:05

Краток вовед за Фондацијата Сина планета и нејзината улога во овој Твининг проект
Д-р. Лазло Шитањи, Лидер на проектот од Земјата-членка

Презентација

11:05-11:15

Национално законодавство за управување со отпад и проширена одговорност на производителите
г-ѓа. Aна Kaранфилова Maзневска, ПТС од Земјата-корисник

Презентација

11:15-11:25

Вовед во Твининг проектот „Поддршка на спроведување на законската рамка за управување со отпад и системот на Проширена одговорност на производителите”
г-дин. Tiбор Немчек, Постојан твининг советник

Презентација

11:25-11:55

Најдобри практики од Италија во однос на системот на ПОП
Фабрицио Лонгони, Генерален директор на РAEE, Италија

Презентација

11:55-12:45

Резултати од Првиот проектен период и идната соработка со македонскиот сектор за управување со отпад во иднина
д-р. Кристина Вегнер, Лидер на компонента

Презентација

12:45-13:15

Дискусија со учесниците

13:15-14:00

Ручек